Објавено на:

Левица: Зголемен број на каснувања од змии низ Битола, Општината да преземе ИТНИ МЕРКИ!

t

Левица Битола со сериозна загриженост ја следи ситуацијата со зголемениот број на случаи на каснување од змии во нашиот регион. Според нашите сознанија, само оваа недела, најмалку двајца наши сограѓани побарале медицинска помош поради каснување од змии, а бројката можеби е и поголема, соопштија од локалниот огранок на партијата.

– Ја прашуваме ЈЗУ Клиничка Болница Битола: Дали установата располага со доволна количина серуми против змиски каснувања за итни случаи?

Ова прашање е од витална важност, бидејќи брзината на реакцијата и достапноста на серумите директно го определуваат исходот и безбедноста на нашите граѓани.

Ја повикуваме Општина Битола и надлежните институции да преземат ИТНИ МЕРКИ за зголемување на безбедноста, меѓу кои:

1. Редовно расчистување на јавните површини и паркови од висока трева, грмушки и друг потенцијален ризик.

2. Информирање на населението за мерки за превенција и прва помош при каснување од змија.

3. Координација со здравствените установи за целосно снабдување со потребните серуми.

Апелираме до граѓаните на Битола и битолско да бидат внимателни при престој во природа, особено во близина на висока трева, камења и рурални подрачја. Носете затворени обувки и избегнувајте директен контакт со непознати животни.

Во случај на каснување, веднаш побарајте медицинска помош и не преземајте ризични домашни третмани.

Левица ќе продолжи да ја следи оваа состојба и бараме одговорност и брза реакција од надлежните институции за заштита на јавното здравје и безбедност на граѓаните.

Заедно да ја направиме нашата општина побезбедна за сите нас. – стои во објавата на Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Зголемен број на каснувања од змии…

Левица Битола со сериозна загриженост ја следи…

(Видео) Скандинавски постојки во Битола! Потрошени над…

Советничката во Советот на Општина Битола, Габриела…

Полицајци нападнати во битолската болница

На 29 јуни 2025 година, околу 17:35…

Левица: Власта упорно избегнува дециден одговор –…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, повторно го…

Левица: Владата троши, народот штети – Фискална…

Во Собранието пристигна Предлог-ребалансот на Буџетот за…