Политичарите креираа исфрустрирана нација: Ве лажат дека ќе ви го земе некој идентитетот за да крадат

t

*Објава на Фејсбук на Милош Милошевски

Ве гледам, ве читам и не можам да се изначудам. Ѝ се налутивте на Марта Кос.

Не сте во право, но знам зошто се случува ова. Денешнава катарза е резултат на 35 годинишната пропаганда дека некој може да ви го земе идентитетот, есенцијата на она што значи да се биде Македонец. Пропагандата ни го испра мозокот и од нас направи исфрустрирана нација.

Ајде да го одговориме прашањето што е идентитет?

Соогласно општо прифатената дефинцијата „Идентитетот е збир на квалитети, верувања, особини на личноста, изглед што карактеризираат една личност или група“.

Во основата на идентитетот не е како другите гледаат на тебе туку како ти се гледаш самиот себе.

Според дефиниција „Националниот идентитет е идентитет или чувство на припадност на една личност кон една или повеќе држави или една или повеќе нации“.

Социологијата на националниот идентитет не гледа како кон вродена особина, тој е во суштина општествен конструкт.Не постои договорена дефиниција за тоа што точно претставува национален идентитет. Но тој може да произлезе од присуството на елементи од „заедничките точки“ во секојдневниот живот на луѓето: национални симболи, јазици, бои, национална историја, крвни врски, култура, музика, кујна и така натаму.

Значи Марта Кос беше во право кога кажа дека и кујната е дел од националниот идентитет на Македонецот како што е и впрочем кај секој друг народ.

Природната реакција на Македонецот како кец на десетка му дојде и на премиерот кој почна да набројува кои се национални херои се дел од македонскиот иденитет иако директно беше прашан за критиките во извештајот на Европската Унија кои се однесуваат на истрагата за пожарот во Пулс, криминалот, корупцијата и одработувањето за туѓи интереси, српски, унгарски и кинески.

Кос ви ја кажа суштината, идентитот на Македонецот никој не може да му го земе, а сите македонски политичари ја злоупотребувале оваа тема за да дојдат на власт да крадат и корумпираат.

За жал во моментов корупцијата е многу поприсутна како дел од македонскиот идентитет отколку идеалите на Гоце Делчев.

Никој не може да ви го промени вашето мислење за тоа што сте, ниту пак на кој народ припаѓате, ниту пак кои се вашите претци и за што се бореле. Бугарите, Грците, Србите и кој ли уште не можат да кажат, да напишат што сакаат Вие утре повторно ќе се разбудите како Македонци.

Единствен начин да исчезне македонскиот идентитет е ако исчезне Македонецот, а тој пат веќе го одиме. Претпоставките се дека за некои 50-тина години ќе се преполови населението во Македонија од 1.8 на 900 илјади и тој тренд ако продолжат работите вака нема да запре. Да не заборавиме дека 1991 оваа држава имала близу 2.4 милиони жители.

Нашиот идентитет ќе го снема не ако некоја будала од ЕУ го нарече модерен туку ако нема Македонци. Нашиот јазик ќе го снема не ако го нарече некоја будала во Брисел модерен туку ако нема кој да го збори. Нашата историја ќе ја снема ако нема кој да ја прераскажува!

Тие Македонци кои се раѓаат во странство за четири – пет генерации ќе станат Германци, Американци, Австралијанци, Французи, Скандинавци и што ли уште не. Ќе бидат се само не Македонци.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Политичарите креираа исфрустрирана нација: Ве лажат дека…

*Објава на Фејсбук на Милош Милошевски Ве…

(Видео) Крива Паланка има реализирано два милиони…

Општина Крива Паланка има реализирано два милиони…

Унгарија блокираше отворање на преговорите за пристапување…

Унгарија ја блокираше одлуката на самитот на…

Бугарија останува со најниски цени во ЕУ

Во услови на загриженост за очекуваниот шпекулативен…

Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот…

На денешната седница на пратенички прашања, потпретседателот…