Комитетот за човекови права при ОН изразува загриженост за прекумерна сила кон барателите на азил и напади врз новинари во Македонија
Комитетот за човекови права при Обединетите нации во Женева денеска го заврши разгледувањето на четвртиот периодичен извештај на Северна Македонија за тоа како ги спроведува одредбите од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права. Експертите на Комитетот ги пофалија напорите на Северна Македонија за справување со дискриминацијата, но, покренаа прашања во врска со извештаите за прекумерна употреба на сила од страна на граничните службеници против барателите на азил и напади врз новинари.
Еден експерт на Комитетот ги потврди позитивните напори што ги направи државата за зајакнување на владеењето на правото и справување со дискриминацијата, преземени во контекст на кандидатурата на Северна Македонија за членство во Европската Унија.
Но, беа наведени и извештаи за прекумерна употреба на сила извршена од страна на граничните службеници против барателите на азил, како и зголемување на нападите врз новинари во последните години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Комитетот за човекови права при ОН изразува…
Комитетот за човекови права при Обединетите нации во Женева…
СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…
СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…