Секој 10-ти Црногорец давал мито во последната година
Секој 10-ти граѓанин (10,4 проценти) лично извршил неофицијално, дополнително плаќање за одредена услуга во претходните 12 месеци, додека во 12 проценти од случаите некој од домаќинството го сторил тоа, а меѓу оние кои имале контакт со инспекцијата во последната година, повеќе од една четвртина од нив (28,9 проценти) тврдат дека претставници на таа служба побарале или очекувале мито, објави Радио Телевизија Црна Гора.
Слични искуства доживеал и секој четврти (26,2 проценти) корисник на услуги обезбедени во здравствените установи и секој петти (23,3 проценти) граѓанин кој имал контакт со полицијата.
„Кога ќе прашате некого дали, на пример, бил во контакт со полицијата во претходните 12 месеци и меѓу групата испитаници кои даваат потврден одговор, поставувате подпрашање дали полицајците побарале или очекувале пари/подароци/услуги во тие контакти, добивате резултат од 26,2 проценти. Ова се конкретни индикатори за присуство на корупција во секојдневните ситуации. Кога една четвртина од испитаниците со лично искуство ја потврдуваат таквата практика, тогаш е јасно дека не станува збор само за перцепција, туку и за реални проблеми во системот“, рече Немања Станков, раководител на Одделот за истражување на јавни политики.
Дури 79 проценти од граѓаните изјавиле дека корупцијата влијае на нивниот секојдневен живот.
Анкетата која е спроведена во периодот од мај до јуни оваа година, покажа и дека граѓаните веруваат дека корупцијата е најприсутна во здравствениот систем (44,5 проценти), полицијата (43,6 проценти), царината (42,8 проценти), инспекцијата (40,7 проценти) и судството (40,3 проценти).
Граѓаните веруваат дека корупцијата е во голема мера присутна кај политичките лидери (52,8 проценти), министрите (47,7 проценти), локалните политички лидери (45,4 проценти), пратениците (44,1 проценти) и советниците (40,3 проценти).
Исто така, се покажа дека повеќе од 70 проценти од црногорските граѓани веруваат дека корупцијата е претежно или многу присутна во општеството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарски олимпиец заедно со Македонец и Црногорец…
Бугарскиот олимписки шампион во кревање тегови Галабин…
Кумановец и Црногорец приведени во Скопје, пронајдена…
Денеска (01.01.2024) во 01.00 часот во угостителски…
52-годишен Црногорец измамен во Скопје
Вчера попладне, во 12.30 часот во СВР…
Црногорецот сакаше да фрли проститутка од тераса…
Црногорскиот државјанин К.Д., кој вчера околу 17…
Црногорец управувал со камионот што излета на…
Државјанин на Црна Гора е повредениот возач…