Апасиев: Ако се симна ВМРААНАТА од баци-рака на Калето, да стааме по едно утринско кафенце
Ако се симна ВМРААНАТА од баци-рака на Калето, да стааме по едно утринско кафенце

Американската амбасада организираше свеченост по повод 4 јули, денот на независноста на САД.
„Соединетите држави ќе продолжат да стојат рамо до рамо со Северна Македонија и додека продолжувате со реформите и со остварувањето на нашите заеднички цели. Вашиот успех е важен за нас, за Европа, и за иднината која сакаме заедно да ја изградиме“, рече амбасадорката.
Основните идеали врз кои е изградена нашата држава се стремежот кон слобода, самоуправување и заштита на неотуѓивите права, стремеж кон посовршен сојуз, рече вечерва американската амбасадорка Анџела Агелер во своето обраќање по повод прославата на 4 Јули, денот на независноста на Соединетите американски држави, што го организираше амбасадата во својот двор.
Во поголемиот дел од својот неколкуминутен говор, амбасадорката се осврна на односите меѓу САД и Северна Македонија, нагласувајќи дека годинава се навршуваат три децении од дипломатските односи меѓу двете земји, иако, како што рече, соработката почнала и порано.
„Веќе три децении му покажуваме на светот што може да се постигне со силина, компромис и со трпение. И покажавме како изгледа вистинско пријателство и вистинско партнерство. Тоа е отсликано во заедничките мисии во Ирак и во Авганистан и во големите вежби на Криволак, подготовките заедно да се бориме за зачувување на мирот. Тоа е разобличување на корупцијата и на криминалните организации, вложување во реформата на правосудството и покрај скромната исплатливост“,рече Агелер.
Според амбасадорката, блиските односи меѓу САД и Северна Македонија се огледуваат и во заедничките напори за економски раст, напредок во инфраструктурата и во енергијата, соработката во технологијата, здравството, транспортот, разузнавањето и образованието, поддршката за зачувувањето на културното наследство, тешките но искрени разговори за теми од големо значење, како и споделената тага за загубените млади животи во страшен пожар.
Таа рече дека изминативе месеци биле предизвикувачки за амбасадата.
„Еден голем американски филозоф рекол – „многу луѓе ќе сакаат да се возат со тебе во лимузината, но она што навистина ти треба е некој што ќе се вози со тебе во автобусот кога лимузината ќе се расипе. Последниве неколку месеци беа предизвикувачки за оваа амбасада од повеќе причини, а особено поради затворањето на нашата мисија на УСАИД. А на сите вас што се возевте со нас во автобусот низ тешки времиња – ви благодарам“,рече Агелер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Нов ценовен шок – власта повторно…
Иако Владата се фали со „успешни мерки”…
Апасиев: Единствена македонска опозиција што го чува…
Пратеник по Устав и по Деловник има…
(Фото) Пратениците на Левица остварија официјална средба…
Денес, 18 октомври 2023 година (среда), претседателот…
Апасиев: Партијата на Мицкоски со ново предавство,…
Говор на претседателот на Левица проф. д-р…
Апасиев за Мицкоски: ги саботирате протестите, додека…
Каде се чуло и видело, најголема опозициска…