Во Бугарија голема истрага за незаконско издавање бугарски државјанства
Градското обвинителство во Софија вчера почнало истрага за организирана криминална група што се занимавала со незаконско издавање бугарски државјанства во периодот од почетокот на 2021 до јуни годинава, јавуваат бугарските медиуми. Во истрагата што ја води Главната дирекција „Борба со организиран криминал“ (ГДБОП) на бугарското МВР е вклучена и Државната агенција за национална сигурност (ДАНС).
Од досега утврденото, постоела организирана шема за противзаконско доделување бугарско државјанство на странци со лажни документи за бугарско потекло.
Истрагата е почната по проверки направени од ДАНС по дојава од 4 март годинава од министерот за правда на Бугарија, Георги Георгиев. Тој побарал ДАНС да го провери работењето на Дирекцијата „Бугарско државјанство“ во Министерството за правда. Во предистражната постапка, министерството ги доставиле сите побарани информации на ДАНС.
Во оваа акција се прибираат докази за кривични дела и се вршат распити.
Според некои искази на поранешни и сегашни бугарски високи функционери, се смета дека над 120.000 македонски државјани добиле бугарско државјанство и бугарски пасоши. Повеќе детали се очекуваат утре.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Бугарија голема истрага за незаконско издавање…
Градското обвинителство во Софија вчера почнало истрага…
Сè повеќе Турци земаат германско државјанство
Германија станува сè попривлечна за луѓето од…
Радев со критики кон бугарската Влада: Кој…
Како одговор на прашање за писмото што…
Европскиот совет одобри приклучување на Бугарија кон…
„Европскиот совет го поздравува исполнувањето на критериумите…
Бугарија останува со најниски цени во ЕУ
Во услови на загриженост за очекуваниот шпекулативен…