Семејствата на починатите во „Пулс“ бараат финансиска помош од државата и снимање на судската постапка
Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“, што го основаа семејствата на починатите во трагедијата во клубот „Пулс“, испрати допис до државните и правосудните институции во кој се наведени неколку барања.
Во дописот до премиерот Христијан Мицкоски, до претседателот на Собранието Африм Гаши и до претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, родителите бараат да им биде исплатена законската финансиска помош, а исто така семејствата да ја добијат и потребната институционална помош.
-Доставивме барање до Основното јавно обвинителство – Кочани да посредува за да оствариме средба со претставници од судска медицина во Скопје. Исто така, имаме барање за комплетен видео и аудиозапис за време на судската постапка, се истакнува меѓу другото во барањето од Здружението.
Здружението „16 март 2025 – Кочани“ го најави и одржувањето на дванаесеттиот „Марш за ангелите“, закажан за в сабота, 5 јули, во 18:05 часот, како израз на незадоволството од бавната реакција на институциите и одолговлекувањето на судската постапка против обвинетите во случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Семејствата на починатите во „Пулс“ бараат финансиска…
Здружението на граѓани „16 март 2025 –…
Противпожарно возило остана без вода среде интервенција…
Возило на противпожарната единица остана без доволно…
Голем пожар во Кочани, изгоре куќа
Во пожар што избувна околу 14 часот…
Конечно стигна во Кривичен обвинението за пожарот…
Обвинителниот акт за трагичниот пожар во Кочанската…
Митовски: Општина Крива Паланка стои на располагање…
Општина Крива Паланка стои на располагање на…