Трагедија во Србија: Македонски државјанин загина во сообраќајка
Во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на автопатот Нови Сад-Суботица, еден државјанин на Македонија загинал, додека друг се здобил со тешки телесни повреди, потврдиле од Полициската управа во Суботица за „РТС“.
Возило „КИА“ со македонски регистарски таблички, кое се движело кон Хоргош, излетало од патот помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица во Суботица, а потоа се превртело.
Патникот Н. А. (39) починал во несреќата, додека возачот А. А. (60) бил тешко повреден и пренесен во болницата во Суботица, каде што ја прима потребната медицинска помош.
Сообраќајната полиција и обвинителот на Основното јавно обвинителство во Суботица излегле на местото на настанот.
Полицијата во Суботица наведува дека против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста во јавниот превоз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во Србија: Македонски државјанин загина во…
Во сообраќајна несреќа што се случила рано…
Вучиќ со „потресно“ обраќање: Ве молам, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во видео-порака…
(Видео) Уапсени се неколку лица на блокадите…
На блокадите помеѓу белградските општини Чукарица и…
(Видео) Тензии уште од рано наутро во…
Петти ден од блокадите во Србија. Блокадите,…
Кос: Ја следиме прекумерната употреба на сила…
Комесарката за проширување на Европската Унија, Марта…