(Видео) Се потврди, Максим Димитриевски направи раскол во опозицијата за да се спаси од прогон
Скандал од невидени размери е повлекувањето на кумановското Јавно обвинителство од постапката против градоначалникот Максим Димитриевски само неколку дена пред да се донесе пресудата.
Но, овој скандал конечно потврдува и зошто Максим Димитриевски конечно влезе во коалиција со Мицковски и која беше неговата цел, вели денеска на прес-конференција советничката од СДСМ во Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска.
– Оваа одлука јасно ја открива вистинската причина зошто Максим Димитриевски влезе во коалиција со Христијан Мицкоски, само за да ја избегне личната одговорност пред правосудните органи.
Тројанскиот коњ во опозицијата – сега веќе е комплетно разобличен.
Цената за расколот во опозицијата беше токму спасот на Димитриевски од кривичен прогон. Тој одигра улога на саботажа и денес му слугува на Мицкоски како измеќар. За возврат доби политичка заштита од правен прогон.
Сега е јасно зошто молчи за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Максо станал вечен должник на Мицкоски.
Ова не е само правен скандал – ова е тежок политички договор кој ја компромитира независноста на обвинителството и го поткопува целиот правосуден систем.
СДСМ бара истрагата од самото обвинителство и итна одговорност.
Вистината ќе излезе на виделина – а одговорноста ќе го стигне секого кога тогаш. Нема бегање од правдата. – вели Мургашанска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…
СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…
Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…
За да се победи актуелната власт потребно…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…