Објавено на:

Костадинов: Се консултирам со народот – Можност за создавање на независни советнички листи за претстојните локални избори

t

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов побара од сите граѓани на Струмица да се вклучат во процесот за создавање на независна советничка листа за претстојните локални избори.

– ЈАВЕН ПОВИК ДО СИТЕ ГРАЃАНИ НА СТРУМИЦА

Дали сте подготвени да се вклучите во создавање на најдоброто можно утре за нашиот град и нашите села?

Почитувани сограѓани,

Поради растечкиот интерес и секојдневните пораки за можноста за независна кандидатура за градоначалник, сметам дека е чесно и одговорно прво да го консултирам токму народот – вие што живеете, работите и сонувате тука.

Од разговорите со вас, здруженијата, месните заедници и луѓето што не се плашат да го кажат своето мислење, произлезе иницијатива за две независни советнички листи:

1. Советничка листа за турската и ромската заедница – со цел гласот на најголемите малцински етнички заедници во Струмица да биде јасно, достоинствено и силно застапен во локалната власт. Се надевам дека ќе се одржат и средби со сите партии и здруженија кои сакаат да партиципираат во еден заеднички и достоинствен настап за поголемо претставништво на овие заедници.

2. Советничка листа за визија и развој – со фокус на креирање политики за напредок на градот и секое струмичко село.

🔵 Простор има за сите!

Нема мали или големи луѓе кога се работи за голема идеја. Без разлика дали сте лекар, бизнисмен, земјоделец, професор, нотар, уметник, пензионер, ученик или чистач – ако имате идеја, визија и желба за подобра Струмица, ве повикувам да ми се јавите.

🔐 Процесот ќе биде анонимен, ќе се организираат индивидуални средби, ќе има простор за сите мислења.

❗Ова не е политика против некого – ова е политика ЗА нешто.

Политика на здрав разум, достоинство и еднаква можност за сите.

Секој што сака да биде дел од нешто ново, чесно и визионерско – нека ми испрати порака. По ова следуваат денови на разговори, слушање и заедничко размислување.

Конечните одлуки како што кажав за дали ќе има независна кандидатура дали воопшто ќе се вклучиме во процесот или не ќе биде јавно кажан за неколку недели, до тогаш започнуваме со широки консултации. – објави Костадинов.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ