Трагедија: Македонски државјанин загина во Србија, друг се бори за живот
МНР информира дека до Амбасадата на Република Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода што се случила во близина на Суботица, во која животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година.
Во незгодата е повредено уште едно лице, исто така македонски државјанин, кое со тешки повреди е хоспитализирано на одделението за реанимација во клиничкиот центар.
Амбасадата е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел навремено завршување на сите неопходни административни постапки за транспорт на посмртните останки во Република Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
30 дека кризна состојба во Крива Паланка:…
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски,…
ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА НА…
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за…
Песков се согласува со Трамп: Украина веќе…
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше…
Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се…
Цените на нафтата се намалија денеска откако…
Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на…
„Добар ден на сите, би сакал да…