Денеска се празнува Светата маченичка Агрипина
Родена и воспитана во Рим. Од детството се подвизуваше да живее евангелски, одгонувајќи ја од срцето смрдливоста на страстите и налевајќи го со благоуханието на девствена чистота, со целомудрие. Му беше вереница на Господ Христос и како Негова невеста пострада во времето на царот Валеријан. Претрпе биење со стапови, сè дури не ѝ ги скрушија коските. Ѝ се јави ангел Господов и ја укрепи. Во натамошните маки го предаде својот дух. Нејзините другарки Васа, Пауна и Агатоника ѝ ги пренесоа моштите на островот Сицилија и таму ги погребаа чесно. Подоцна овде подигнаа црква во име на Света Агрипина. Од нејзините мошти стануваа безбројни чуда. Едно од нив е повлекувањето на Агарјаните пред силата на Светите мошти на оваа маченичка од пред градот во којшто беа положени. Света Агрипина се упокои во 275 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнува Светата маченичка Агрипина
Родена и воспитана во Рим. Од детството…
Летен камп по вероучение во Св. Кирил…
25 деца од цела држава се собрани…
Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Евсевиј, епископ…
Многу постигна во изобличувањето на аријанството. Кога…
Денеска се празнува Светиот маченик Јулијан Тарсиски
Од благородно, сенаторско потекло; живееше во Тарс…
Денеска се празнува Свети Тихон, епископ Аматунтски
Чудотворец. По смртта на блажениот Мемнониј, Тихон…