Стефковски ќе протестира сам против своето неработење, за четири години изградил НУЛА МЕТРИ водоводна мрежа!
Стефковски ќе протестира сам против своето неработење, за четири години изградил НУЛА водоводна мрежа, велат од Левица Гази Баба.
– Во изминатиот период се појавува огромен проблем со намален притисок и недостаток на вода во неколку делови на општина Гази Баба.
Граѓаните остро реагираат и бараат итно решавање на проблемот со водоснабдување, а градоначалникот Стефковски се закани со протести за неработењето на претпријатијата кои се во негова надлежност.
Очигледно Стефковски не ги знае своите ингеренции и заборава и на следниве факти:
Нула метри изградена мрежа за снабдување со вода во општина Гази Баба во последните четири години.
Ниту една изградена пумпена станица за вода во период од четири години.
Ниту еден резервоар за вода изграден во период од четири години.
Левица го потсетува Стефковски за неговите лукративности од издадените градежни дозволи за згради во Хиподром 2 и на потегот позади Ист Гејт Мол.
Левица го потсетува Стефковски за дозволите за надградба на згради во Автокоманда.
Сето ова допринесува за нестабилно водоснабдување во Гази Баба во период на екстремно високи температури.
Левица го прашува Стефковски дали знае пред да излезе на простест за да собере ситни политички поени дека ЈКП Гази Баба е надлежно за водоснабдувањето на Смилковци и Црешево?
Очигледно дека сè уште живее во опозициски сон и заборава дека четири години токму тој е одговорен за решавање на проблемите на граѓаните на општина Гази Баба и дека заедно со Данела ја промовираше програмата за модерно Скопје која преставуваше само една предизборна измама.
Бидејќи градоначалникот единствено се пронаоѓа како опозиционер, тоа задоволство народот ќе му го испорача на следните избори, велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стефковски ќе протестира сам против своето неработење,…
Стефковски ќе протестира сам против своето неработење,…
Левица: Мицкоски е отсечен од реалноста, младите…
Последната изјава на премиерот Мицковски дека размислувал…
Левица: Гаши уценет од ВМРО-ДПМНЕ илегално ја…
Ја известуваме јавноста дека претседателот на Собранието…
(Видео) Мециновиќ: Овој „ребаланс“ е логистички центар…
Во своето обраќање на денешната комисиска расправа,…
Левица бара со ребалансот да се обезбедат…
Пратеничката група на Левица поднесе амандман кон…