Нема да има даноци за самци, само иницирав дебата, се извини Мицкоски
„Се извинувам ако некој погрешно ме разбрал, нема никакви даноци“, вака премиерот Христијан Мицкоски го дообјасни своето претходно јавно појавување кога кажа дека размислуваат за воведување на даноци за немажени и неженети.
Тој рече дека целта му била да испровоцира јавна дебата.
„Целта ни беше само да испровоцираме јавна дебата. Јас се извинувам длабоко ако некој погрешно ме разбрал. Ајде сите заедно да работиме, да ни се раѓаат повеќе дечиња, да ни се полни училиштата, за побогата Македонија“, рече Мицкоски.
Тој не се согласува дека младите и создавањето на семејства треба да биде со финансиска помош.
„Тивко исчезнуваме, тоа тивко поминува. Јас не се помирувам со тоа. Се радувам на јавната дебата, ми викаат дека треба со финансиска поддршка да се излезе. Не е тоа решението. Една од најбогатите економии е Јужна Кореа, има потрешено 270 милијарди долари во последниве 15 години, за да стигне до стапка две мајки да раѓаат едно дете. Не е до финансиите, до срцето и главата е. До умот“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека во читанка треба да се смени поимот за семејство.
„Не треба да биде јас мама и тато, туку јас, мама, тато, бато и дада“, додаде Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на…
„Добар ден на сите, би сакал да…
ЈО за отворање случај за Алта банка:…
Јавното обвинителство оформува предмети врз основа на…
Бабата на убиецот од Краков: Бил одличен…
Бабата на 24-годишниот Михал О., осомничен за…
Мицкоски: Очекувам аукцијата за отуѓување на акциите…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување…
Приведен е братот на Виктор Орбан осомничен…
Братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан,…