Скопјанец возел со 3,08 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна несреќа
Во СВР Скопје вчера околу 16 часот пријавена е сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата меѓу булеварите „Србија“, „Трета Македонска бригада“ и „12 Македонска бригада“ во Скопје.
Во несреќата учествувале две патнички возила, „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.К. (60) од Скопје, и „Опел Антара“, исто така со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.К. (23) од Скопје.
Како што соопшти денеска МВР, во несреќата со тешка телесна повреда се здобил И.К., а со телесни повреди се здобиле Ф.К. и неговиот сопатник П.Б.(19) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, во 18:30 часот И.К. бил лишен од слобода.
Според полициски информации, утврдено е дека го управувал возилото под дејство на алкохол, со измерени 3,08 промили алкохол во крвта.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени шест возачи поради безобѕирно управување –…
Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници…
„Алколок“ системот станува задолжителен во ЕУ: На…
Од 7 јули, Европската Унија воведува ригорозно…
Скопјанка и кумановец се степале во авион…
МВР информира дека вчера попладне во 17:00…
Лишени од слобода возачи од Битола, делчевско…
На 27.10.2025 во 21:13 часот на ул.„Солунска“…
30-дневен притвор за скопјанецот кој со пиштол…
Лишено од слобода лице од Скопје, признал…