(Видео) Пожарот кај Чучер Сандево надвор од контрола, хеликоптерите се повлекуваат бидејќи падна мрак!
Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, за жал сè уште е надвор од контрола.
Во текот на денешниот ден, на терен интервенираа сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК. Сите капацитети се ангажирани, но условите на теренот се исклучително тешки.
Голема е вознемиреноста кај населението, бидејќи чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, сè до Бутел. Истовремено, регистриран е и нов пожар во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема површина и се наоѓа во близина на куќи.
Во раните утрински часови беше пружена воздухопловна поддршка со три летала, а попладнето со уште еден воздухоплов. Поради временските услови, се очекува пожарот во текот на ноќта делумно да се стиши, што би овозможило поефикасно дејствување на теренот утре.
За утре е планирано акциите да започнат уште во 5:00 часот, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата зафатена површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР. Во вечерните часови, екипите ќе останат на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и потребите.
Извор: 4News
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕДУМ АКТИВНИ ПОЖАРИ УТРОВО!
Извештај за пожари на отворен простор (07/08.07.2025…
Денеска се празнува Преподобната маченичка Февронија
Ќерка на сенаторот Просфор од Рим. За…
Метео: Сончево и МНОГУ ТОПЛО ВРЕМЕ –…
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Голем пожар и во Дојран – ниту…
Кажаа ли медумите, пишаа ли порталите дека…
Власта не гледа проблем за падот на…
Намалувањето на вредноста на странските инвестиции за…