Големо невреме во Сплит, траект удрил во два брода, едниот тоне
Во хрватскиот крајбрежен град Сплит утрово, среде силно невреме со ветер, траектот „Петар Хекторовиќ“ удрил во еден голем катамаран и во туристички излетнички брод, кој потоа почнал да тоне, јавија хрватските медиуми.
Според директорот на Пристанишната управа Сплит, Вице Михановиќ, од силниот ветер пукнале јажињата со кои траектот бил врзан за брегот, по што неконтролирано почнал да се движи во пристаништето. Првин се допрел до катамаранот „Крило“ а потоа удрил во голем туристички брод. За среќа, нема повредени.
Инаку, околу 8.45 часот утрово, за само неколку минути, наизглед мирното облачно време, во Сплит се претворило во невреме што ретко се гледа. Бурен ветер, силен дожд и град го заплиснале градот. Урнати се повеќе дрвја, а прекината е и струјата во некои подрачја. Многу сообраќајници се претвориле во реки, а сообраќајот речиси целосно бил стопиран.
Оштетен е и покривот на стадионот „Пољуд“ – ветерот оддувал неколку стотици лексан-плочи од него.
Слично како со траектот, уште неколку бродови на Северното пристаниште се откачиле и неконтролирано пловат во морето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Големо невреме во Сплит, траект удрил во…
Во хрватскиот крајбрежен град Сплит утрово, среде…
Силно невреме во Муртино, поплавени ниви и…
Силно невреме попладнево го погоди струмичкото село…
Невреме со силен дожд и град во…
Републичкиот завод за метеорологија на Србија издаде…
Невремето прави хаос – падна дрво пред…
Големото невреме и град кои вечерва го…
Снежно невреме предизвика сообраќаен хаос во Њујорк
Снежното невреме во американската сојузна држава Њујорк…