Сиљановска разочарана од ЕУ имале проблем со демоктратијата
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско прашање за отстранувањето на македонскиот јазик и идентитет преку амандман излобиран од бугарски пратеници, вели дека тоа го докажува демократскиот дефицит во ЕУ, вклучувајќи го и Европскиот парламент, којшто, вели, треба да биде дом на европските граѓани.
-Не сум шокирана, иако сум длабоко разочарана тоа го кажав, особено од природата на некои амандмани, па и од дискусиите, не сум шокирана бидејќи во Европскиот парламент седат и претставници на партии што се против самата ЕУ. Инаку, пријатно бев изненадена од извештајот на господинот Вајц, тој важи за почитуван пратеник кој ги познава добро балканските прилики, бидејќи истото ова што ни се случува нам, можеше и Австрија да го прави кон Словенија бидејќи и во словенечкиот Устав ги нема Австријците, Хрватите, Бошњаците, Ромите… Но природата на амандманите покажа дека навистина не само светот туку и Европа и ЕУ имаат сериозен проблем со демократијата, потенцира Сиљановска Давкова.
Претседателката го искоментира говорот на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, според кого, потребни се реформи внатре во ЕУ.
-Мислам дека неговата изјава не е случајна и дека има врска и со феноменот вето, и со опасноста од билатерализација на евроинтеграцијата во време кога проширувањето на ЕУ во смисла на тоа дека ќе зборуваме еден ден за синоним или за еднаквост меѓу ЕУ и Европа, бидејќи ние географски, историски, културно сме биле отсекогаш дел од Европа и во време на опасност, мултилатерализмот да биде под притисок на мултиполаризацијата денеска во светот, важно е за да биде ЕУ односно Европа компететивен играч на плуралната светска политичка сцена и да ги вклучи сите држави кои географски, историски и културно припаѓаат кон неа. Зошто, бидјеќи денеска прашањето на евроинтеграцијата е прашање на стабилност и безбедност, рече претседателката.
Таа посочи дека е изненадена од одговорот на бугарската Влада на забелешките во поглед на состојбите во Бугарија врзани за малцинствата.
-Еве што адресирала до Советот на Европа. Вели дека во резимето од пописот 2021 година, 1.143 лица се самоидентификувале како етнички Македонци, 3.540 изјавиле дека мајчин јазик им е македонскиот, а 1.091 лице, пријавило дека дома зборува македонски јазик. И еве што пишува Владата – вели дека „овозможува доброволен процес на самоидентификација“. Еве јас ги упатувам меѓународните субјекти да се вратат назад во пописите во Бугарија, бидејќи некој феноменални промени никогаш не се случуваат никаде. Па да го видат и пописот од ’56, и пописот од ’46, ама интересно е што пишува во дописот на Владата. Значи дека овие лица кои се претставуваат како Македонци, се мала група, и не ги исполнуваат објективните критериуми за статус на национално малцинство. Може да заклучиме нешто? За која категорија ние треба да го смениме Уставот? За колкав број? Еве јас прашувам, посочи претседателката Сиљановска Давкова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска разочарана од ЕУ имале проблем со…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско…
Пожарникар тешко повреден кај Бразда
На 07.07.2025 во 10.10 часот во СВР…
(Видео) Нов инцидент меѓу Макрон и Брижит:…
Францускиот претседател Емануел Макрон имаше нов инцидент…
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена…
Владата донесе одлука за прогласување на кризна…
(Видео) Изгаснат пожар во парк-шумата Гази Баба,…
Седум пожарникари со три противпожарни возила попладнево…