Објавено на:

НАТО ги подигна своите авиони – активирани сите расположливи сили!

t

Во екот на најновата ескалација на војната во Украина, Полска изутринава ја активираше целата своја воена авијација поради жестоки руски воздушни напади во западна Украина – на само неколку километри од нејзината граница.

Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека е прогласена состојба на зголемена борбена готовност за сите борбени авиони и системи за противвоздушна одбрана, со цел заштита на националниот воздушен простор. Акцијата се спроведува во координација со НАТО.

Русија ноќеска изврши рекорден масовен напад, лансирајќи 728 беспилотни летала и 13 крстосувачки ракети, соопштија украинските воздухопловни сили. Од нив, според официјалните податоци, соборени се 718 дронови и седум ракети. Воздушната тревога во Украина била активирана во 02:15 часот по средноевропско време.

Безбедносни аналитичари предупредуваат дека близината на нападите до границата со Полска го зголемува ризикот од ненамерен инцидент или проширување на конфликтот врз територија на НАТО.

Ситуацијата останува крајно напната. Алијансата го засилува военото присуство во источна Европа, внимателно следејќи ги развојот на настаните и секое потенцијално прекршување на безбедносните граници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Последната наредба војникот Т. Славески ја доби…

Гувернерот на Народната банка на Македонија, Трајко…

БОР Е ВТОР ГРАД СО НАЈВИСОКИ ПЛАТИ…

Српскиот град Бор, познат по своите големи…

Јанша: ЕУ мора да има еден претставник…

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денес изјави дека…

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин:…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Бремена жена со хематоми по телото пријавила…

Четириесет и двегодишна жена од Босна и…