Во пукањето во Батинци загина припадник на АРМ

t

Педесетгодишен припадник на Армијата со иницијали А.М. од скопското село Батинци е убиен утринава, откако во него било пукано со огнено оружје додека управувал автомобил „Киа“ на влезот во селото. Од Армијата потврдија дека починатиот е нивен припадник и информираа дека за време на трагичниот настан тој не бил на служба, односно користел слободен ден.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), инцидентот бил пријавен во СВР Скопје околу 10:15 часот. Во пријавата стои дека лице со иницијали М.Џ. пукало кон возилото кое било во движење.

„А.М. (50) се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош и бил пренесен во ГОБ ‘Св. Наум Охридски’ за укажување на лекарска помош, каде во 11:00 часот од страна на доктор била констатирана смрт“, соопштија од МВР.

Од Армијата изразија длабока жалост до семејството на починатиот.

„На лице место е излезен јавен обвинител, органи на МВР и дежурна служба на Воената полиција“, се додава во соопштението на АРМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Платите во Армијата и одбраната се зголемуваат…

Сакам да информирам за една преубава вест,…

Доскорешниот началник на Генералштабот на АРМ, Васко…

Поранешниот началник на Генералштабот на Армијата на…

Професионалните војници по 45 години ќе можат…

Професионалните војници кои ќе наполнат 45 години…

Сиљановска: Македонската Армија покажа дека и мала…

Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили,…

Мицкоски: Армијата е симбол на чест, дисциплина…

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка и изрази…