(Видео) Арсовска: Полицајци гледаа додека насилникот ме клоцаше и ми се закануваше дека ќе ме силува
Пред очи на полицајци ме удираше со клоци и ми се закануваше дека ќе ме силува, а цело семејство ќе ми го убие, рече скопската градоначалничка Данела Арсовска откако излезе од Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ каде денеска беше примена во Ургентниот центар, откако попладнево физички беше нападната на Бит Пазар при увид на дивoградба спроти полициската станица во Чаир.
„Најпрво лицето ми се закануваше вербално, не можам да изговорам со какви погрдни зборови ми се обраќаше, велеше ќе ме силува. Потоа пред очите на полицајците ме нападна физички, почна да ме удира со клоци. Тие само го тргнаа и застанаа пред мене и ништо друго не преземаа, дозволуваа толпата да вика и да ги напаѓа луѓето од Градот, да ги удираат со столици, да ги плукаат… Тоа лице кое направило толкава дивоградба пред сите нас се јави на 20 луѓе на високи функции во МВР и им кажуваше што сè ќе ми направел, им викаше дека ќе ме убие, ќе ги ликвидирал еден по еден членовите на моето семејство“, рече Арсовска.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека се приведени двајца напаѓачи.
Арсовска рече дека денеска излегле на увид на оваа дивоградба по пријава од граѓани. На оваа дивоградба рече дека еднаш веќе биле на увид и пријавена е во МВР, но никој не постапува. Рече дека објектот кој се гради на самиот булевар нема одобрение за градба, нема платено комуналии, краде струја и вода.
Таа кажа дека иако досега постојано пријавува ниту за една дивоградба не е постапено, ниту пак се постапува за заканите кон неа.
Градоначалниката Данела Арсовска на 31 мај достави документи за незаконски легализации на дивоградби во Обвинителството, а на 27 јуни до до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) достави докази за нови, како што рече, криминални легализации од градоначалникот Висар Ганиу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Арсовска: Полицајци гледаа додека насилникот ме…
Пред очи на полицајци ме удираше со…
МВР потврди: Арсовска била нападната во Чаир!
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска…
ХЕРОЈ! Скопски пожарникар 48 часа без прекин…
Тони Пигуловиќ е пожарникар од ТППЕ Скопје…
Скопската обиколница е затворена поради пожарите
Поради разгорување на пожарите во околината на…
Скопје нема вода поради ДИВИТЕ ПРИКЛУЧОЦИ на…
*Објава на Фејсбук на Димитар Апасиев: Скопје…