Објавено на:

ЕФЈ: Слободата на медиумите во Србија се намалува со загрижувачка брзина, ЕУ мора да реагира

t

Извештајот на Европската комисија (ЕК) за владеењето на правото во Србија во голема мера не успева да ја прикаже сериозноста на моменталната ситуација во земјата, а континуираното заплашување и насилство врз новинарите повеќе не може да се смета за вообичаена практика, соопшти група меѓународни невладини организации и новинарски здруженија.

Во соопштението објавено на веб-страницата на Европската федерација на новинари (ЕФЈ) се наведува дека организациите потписнички „изразуваат длабока огорченост поради новите напади врз новинари низ цела Србија, од кои многу се извршени од државни претставници и членови на агенциите за спроведување на законот“, јавува Н1 телевизија.

„Вонредната состојба во врска со слободата на медиумите во Србија не само што продолжи, туку и драстично се влоши со алармантна брзина, и покрај нашите бројни предупредувања и препораки“, се вели во соопштението.

Потписниците на соопштението, како што се ЕФЈ, Европскиот центар за слобода на печатот и медиумите, Балканско-кавкаската трансевропска опсерваторија, Меѓународниот институт за печат, Артикл 19 Европа, оценија дека улогата на полицијата на протестите во Србија станува сè поголема причина за загриженост бидејќи, како што додаваат, надлежните органи преминале од пасивност на директни конфронтации со новинарите.

„За борба против оваа клима на неказнивост, ги повикуваме властите итно, независно и темелно да истражат секој случај на напад. Иако ЕУ повика на заштита на основните права, вклучително и правото на слобода на собирање и изразување во контекст на протести, досега не успеа да испрати конкретна порака во врска со алармантното зголемување на насилството врз новинарите“, велат организациите.

На веб-страницата на ЕФЈ се додава дека српскиот претседател Александар Вучиќ постојано ги напаѓа независните медиуми по уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година.

„Долупотпишаните организации дополнително ја осудуваат најновата кампања за клевета што ја започна новоформираното провладино Здружение на новинари на Србија против Независното здружение на новинари на Србија – членка на EFJ“, се вели во соопштението.

Организациите заклучија дека новинарите во Србија продолжуваат да ја информираат јавноста и покрај сè потешките услови за работа и дека ја изразуваат својата целосна солидарност со нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕФЈ: Слободата на медиумите во Србија се…

Извештајот на Европската комисија (ЕК) за владеењето…

Населението на ЕУ достигна рекордни 450 милиони…

Миграцијата во Европската Унија доведе до тоа…

Јовева: Уставните измени во моментов се најреална…

Овој извештај не е извештај за правото…

ЕУ со помош од 2,3 милијарди за…

Европската комисија денес објави 2,3 милијарди евра…

Активиран механизмот на ЕУ за заштита и…

Македонија го активира и механизмот на Европската…