Јакимовски до Борко Ристовски: Ти немаш проблем со мене, имаш проблем со граѓаните и со сопствените лаги!

t

Градоначалникот на општина Карпош денеска уште еднаш го повика министерот за спорт Борко Ристовски да се откаже од намерата каубојски да ја одзема салата Наум Наумовски Борче и му порача дека во спротивно нема да има проблем само со него, туку и со советот и со карпошани.

-Очигледно министерот за спорт не се откажува од својата каубојска намера и продолжува со своите небулозни изјави. Една од небулозите е дека сум немал проекти и сум се плашел од избори. Да кажете дека Стевче Јакимовски нема проекти е исто како да кажете дека Новак Ѓоковиќ не знае да игра тенис. Веројатно бил многу зафатен со ракометот, па не ја прател многу политиката, па да го потсетам дека победувам четири пати на избори и четири пати ја победувам неговата партија со проекти, а не како нив со користење на четирите свети букви- вели Јакимовски.

Тој додава дека е најнаградуваниот градоначалник во Југоисточна Европа. Има четири меѓународни награди, дека прв го исчистил кејот на Вардар, прв го осветлил и го поплочил кејот за да може и ноќе да се шета и заедно со колегата Андреј Петров ја направиле велосипедската патека.  Дека прв ги осветлил спортските терени и игралиштата во училиштата за да може и навечер да се игра, прв вовел училишни лиги во фудбал, кошарка, одбојка, пинг-понг, ракомет и тн… Дека е првиот што дава стипендии за талентирани ученици и спортисти, прв вовел субвенции за лифтови и покриви.

Јакимовски одговарајќи на прозивките на министерот, директно го  праша:

-Ќе ни кажеш ли ти колку проекти си направил откако си министер веќе една година? Која новина ти ја воведе во раководењето со министерството? Што направи ти, освен каубојскиот однос што го покажуваш кон општина Карпош? Господине Ристовски, ти немаш проблем со мене, имаш проблем со граѓаните, имаш проблем со Советот на општина Карпош, имаш проблем со своите лаги, со аргументите и фактите кои што се на наша страна. Во името на граѓаните на општина Карпош уште еднаш ве повикувам не го спуштајте нивото на комуникација и мислам дека не е добро за граѓаните на Карпош да се служиме со лаги. А вие се служите со лаги. Ја изманипулиравте владата знаеш како што вие служите. Одговорни луѓе кои водат министерства, кои ја водат државата, иако биле класични единичари, иако биле двојкаши, денеска се возрасни луѓе и мораат да се однесуваат совесно и одговорно. И пред се да не кажуваат лаги. Ја изманипулиравте владата за да донесе одлука за одземање на салата, а истата е пуштена во употреба и функционира. Јасно сакам да ви кажам проблемот не ви е само кај мене, проблемот ви е и со граѓаните и со Советот и нема така лесно да видозволиме да правите што сакате со овој објект и политиката од вашите кабинети да ја пренесувате врз спортската сала каде што треба младите да рекреираат и да го валкате името на народниот херој Наум Наумовски Борче – порача Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна

Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…

Град Скопје ќе додели средства за сите…

Советот на Град Скопје на денешната седница…

Јакимовски со барање до надлежните распустот да…

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…