Обвинителството ќе се жали, судот определи куќен наместо ефективен притвор за напаѓачот на Арсовска!

t

Судот определи куќен наместо ефективен притвор за напаѓачот на градоначалничката Арсовска, соопштија од Основното јавно обвинителство Скопје од каде нагласија дека ќе се жалат на ваквата одлука на судот.

– За првиот осомничен судот определи мерка куќен притвор. Обвинителството не е задоволно од ваквата одлука и ќе вложи жалба, барајќи ефективен притвор поради наведените ризици во првичното барање. Во однос на вториот осомничен, предложените мерки на претпазливост се прифатени и определени. – велат од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја нападнал градоначалничката на Скопје, која заедно со вработени во градските служби, по претходна пријава, излегле да извршат вонреден надзор на нелегален објект во градба на улицата “Севастополска”. Тој се претставил како сопственик на објектот во градба, па почнал грубо да ја навредува, да и се заканува, по што и физички ја нападнал.

Кога изреагирале останатите вработени во градските служби и припадниците на МВР и го тргнале првоосомничениот, со закани продолжило и второосомниченото лице. Со чинот на насилство двајцата осомничени во јавноста и кај другите присутни лица предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

За кривичното дело се предвидува затворска казна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството ќе се жали, судот определи куќен…

Судот определи куќен наместо ефективен притвор за…

(Во живо) Два и пол часа нѐ…

Се чувствував како во Бејрут, се создаде…

(Во живо) Арсовска низ солзи до Тошковски:…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска…

(Во живо) Арсовска: Истиот што денес ме…

Ние три години пријавуваме дивоградби, никој не…

(Видео) Арсовска: Полицајци гледаа додека насилникот ме…

Пред очи на полицајци ме удираше со…