Изготвен проект за спомен обележје за починатите во „Пулс“, се уште се чека оценка за обвинението
Почнува уште една нова работна недела, а оценката за обвинителниот акт за предметот Пулс сè уште тапка во место. Прашањето кое се наметнува е зошто толку многу време е потребно и дали судењето за најголемата трагедија се темпира да започне по изборите, кои ќе се одржат во втората половина на октомври.
Дали ќе го прифати обвинителниот акт, судот ќе донесе одлука откако ќе заврши целата процедура со доставите и жалбите поврзани со обвинението, потврдија за ТВ 24 од Кривичниот суд Скопје.
КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ
– Обвинението за предметот “Пулс“ е во фаза на доставување до обвинетите и адвокатите. Откако ќе го добијат имаат рок од 8 дена за жалби. Кога ќе заврши целата процедура тогаш судот одлучува дали ќе го прифати обвинителниот акт.
Но, обвинителниот акт во врска со кочанската трагедија, а во кој се вклучени 34 физички и 3 правни лица, иако е оформен пред повеќе од 30 дена, сè уште не е доставен до дел од одбраната на обвинетите, реагираат дел од адвокатите со кои контактираше ТВ 24. Тие не сакаат да даваат официјални изјави додека не го добијат обвинението.
И додека обвинението е заглавено во судските лавиринти, родителите на жртвите не седат со скрстени раце. Тошо Антов, чија единствена ќерка настрада во Пулс, изготвил технички проект за изградба на спомен-обележје, кое ќе биде посветено на младите животи што згаснаа во пожарот. Проектот предвидува модерен и достоен меморијален центар, кој треба да биде изграден на локалитетот Аеродром на Пониква, со назив “Ангели“. Барањето за согласност веќе е доставено до општина Кочани, но сега проблем е тоа што по инцидентот во кочанскиот совет, на 19ти минатиот месец Седници сè уште нема и не се знае кога би се одржала следна Седница на Совет на општина Кочани
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Денес се празнува Светиот маченик Нестор
Во времето на страдањето на Св. Димитриј…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…