Кумановец возел со 1.57 промили алкохол во крвта
На 15.07.2025 во 04.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(31) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „опел“, кое го управувал Ф.А., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.57 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени шест возачи поради безобѕирно управување –…
Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници…
„Алколок“ системот станува задолжителен во ЕУ: На…
Од 7 јули, Европската Унија воведува ригорозно…
Кумановец возел со 3,67 промили алкохол во…
На 24.03.2026 во 12:02 часот на бул.„Октомвриска…
Кумановец фатен со 28 клучеви за отварање…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Ч.…
Кумановец силувал проститутка од Венецуела во Далмација
Окружното јавно обвинителство во Шибеник поднесе обвинение…