Арсовска ги објави документите поднесени до Обвинителството: Бара итно да се обезбедат доказите
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на социјалните мрежи го објави барањето за итно постапување за сторени кривични дејствија и обезбедување на докази за истите. Во објавените документи се наведени кривичните дела кои, според градоначалничката, ги сториле градоначалникот на Чаир Висар Ганиу и вработени во Општината.
Во продолжение целата објава на Арсовска:
– Шеф не ни успеа тоа дека тепала командант, да им побараме услуга на Бугарите за дефокус?
Стари ви се форите со Бугарија, се обиде и Заев со нив, не му успеа, тогаш патриотите ме бранеа бидејќи е лага.
Јунаци, лавови, нешто да бекневте за криминалот од стотици милиони евра со фалсификати и перење пари на Висар Ганиу?
Не смеете да му писнете патриоти!
Читај Македонијо! – напиша Арсовска.
Во продолжение документите кои ги објави Арсовска:





ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меџити: Чаир е само шеста општина во…
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на…
СДСМ: Во Чаир законите не важат
Изјава, на Кети Штерјова-Советничката од СДСМ во…
Опожарени три возила во Чаир
На 25.06.2026 околу 02:20 часот во СВР…
Арсовска прашува: Каде е обвинението против Ганиу…
Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска,…
ДУИ: Компанија основана во 2024 година добила…
Соопштение на ДУИ: Корупцијата во Чаир станува…