Објавено на:

На 114 години почина најстариот маратонец во светот, го удрил автомобил пред неговиот дом

t

Денеска од Индија пристигнува тажна вест, починал Фауј Синг, човекот кој имаше 114 години и важеше за најстар маратонец во светот. Според информации Синг починал откако бил удрен од автомобил додека преминувал улица во близина на неговиот дом во родното село Бис Пинд.

Синг, кој натпреварувајќи се под британското знаме, влезе во историјата како најстарата личност што некогаш завршила маратон, беше вистински мотиватор за генерации спортисти и рекреативци. Неговата смрт ја потврдија од лондонскиот клуб Sikhs in the City, каде најавија дека претстојниот настан во Илфорд ќе биде посветен на прославата на неговиот живот и неверојатните достигнувања.

„Со голема тага потврдуваме дека изгубивме вистинска икона на хуманоста и упорноста. Фауј Синг почина во Индија на 114 години, откако им подлегна на повредите по сообраќајната несреќа во близина на својот дом“, изјави неговиот долгогодишен тренер Хармандер Синг.

Според податоците на официјалната страница на Олимписките игри, Синг е роден на 1 април 1911 година во Пунџаб, како најмладо од четирите деца во земјоделско семејство. Но, неговиот спортски пат е уште пофасцинантен,  започнал да трча маратони дури на 89 години во 2000 година.

Веќе следната година го завршил својот прв маратон во Лондон, со време од шест часа и 56 минути, поставувајќи пример дека никогаш не е доцна да се почне нешто ново.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ