ЕУ ѝ се закани со санкции на Грузија по бранот апсења
Европската Унија во вторникот предупреди дека би можела да ја суспендира шемата за укинување на визите за грузиските граѓани поради владините репресии врз опозицијата и „уназадувањето на демократијата“ во оваа кавкаска држава.
-Мора да се исполнат специфични услови, „а доколку тие не се почитуваат без одлагање, тогаш ќе мора да го суспендираме заедничкиот визен режим“ за грузиските граѓани кои сакаат да патуваат во ЕУ – изјави Каја Калас, највисокиот дипломат на ЕУ, нагласувајќи дека Брисел му дава на Тбилиси рок до крајот на август.
Претставниците на ЕУ остро ги критикуваа властите во Грузија поради бранот апсења на политичари, активисти и новинари кои се против владејачката партија во земјата.
Брисел вели дека владините мерки, како и законите што го ограничуваат таканареченото граѓанско општество, го попречуваат патот на Грузија кон приклучување кон европскиот блок за земјата со 3,7 милиони жители.
Земјите-членки на ЕУ инсистираат на преземање мерки против грузиските власти, а на маса е и предлог за воведување санкции врз судиите вклучени во затворањето на опозициските личности. Но, ветото од Унгарија – чиј премиер Виктор Орбан е сојузник на владејачката партија „Грузиски сон“ – досега ги парализираше потезите за притисок врз Тбилиси.
Грузија доби статус на земја-кандидат за членство во ЕУ на крајот од 2023 година. Таа поднесе барање за ова кратко откако руската армија ја нападна територијата на Украина во февруари 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Дизелот во ЕУ достигна нов рекорд: 2,24…
Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи…