Објавено на:

Проверете сами – Од Охрид до Врбјани наместо 20, возите само 12 км автопат, сѐ друго е конфузен пат во изградба

t

Од Охрид кон Врбјани патот е во изградба. Механизација, прашини, возење во една лента – оваа состојба е во должина од 20 км, но само 12 км се автопат.

Од објавените 20 километри автопат на потегот Врбјани-Охрид со прекин кај Ботун, само 12 километри се во употреба.


Иако владата организираше церемонија, очигледно е дека станува збора за уште едена фарса од серијалот пуштаме недоградени автопати. „Отворени се првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, отстранивме еден од најголемите инфраструктурни проблеми“, рече на тој настан премиерот Мицкоски.

Но, секој граѓанин ова може да го провери при следното возење од Охрид кон Кичево или обратно.

Ова се фотографиите кои потврдуваат дека на делницата од Врбјани кон Охрид, со прекин кај Ботун, како што рекоа владините претставници, всушност, се вози по пат на кој уште се изведуваат градежни работи и воопшто не е патна делница во употреба.

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето во употреба на првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид, на потегот од Врбјани кон Охрид, со прекин кај Ботун.

Значи, реалноста на терен потврдува дека вкупното патно растојание Охрид – Кичево изнесува 58км, од нив во моментов само 12км се автопат по кој може да се вози.

Оттаму како фарса може да се оцени видеото со премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на кое како музичка позадина оди патриотската песна „Слушам кај шумат шумите, плачат за војводата“, и со кое сакаат да прикажат дека го сефтосале автопатот Кичево – Охрид, при пуштањето на првите 20 километри.

Извор: Рацин

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…

ТРАМП СВИКА ВОНРЕДЕН БЕЗБЕДНОСЕН СОСТАНОК: Во Белата…

Американскиот претседател Доналд Трамп одржува специјален безбедносен…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ…

Иракските власти ги засилија мерките за нуклеарна…

„Фајненшл тајмс“: Русија договорила испорака на 90…

Русија се согласила да му испорача на…

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…