ССМ: 55,7% од македонските граѓани не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор!

t

Минималната плата мора да се зголеми на најмалку 500 евра, а со тоа да се зголемат и останатите плати за најмалку 100 евра затоа што 55,7% од македонските граѓани не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор.

Алармантно е тоа што во вредноста на Синдикалната минимална кошница која се обидуваа да ја оспоруваат затоа што во неа според нив се предвидувало луксуз, предвиден е трошок за седум ноќевања во Дојран од 23 до 30 јуни, но пололовина од македонските работници не можат да си го дозволат ниту тоа.

Потребен е раст на платите за македонските работници да можат да си овозможат пристоен годишен одмор за себе и за своите семејства, затоа што и минималната и просечната плата се најниски во регионот, а со нив 55,7 % од работниците не можат да си овозможат годишен одмор.

Податокот е преземен од Еуростат, првично објавен од Finance Think.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССМ: 55,7% од македонските граѓани не можат…

Минималната плата мора да се зголеми на…

Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Понижени работници…

За една година власт, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и…

Во Грција нема веќе толеранција за прекршок:…

Во Грција не се толерира повеќе никаков…

ВМРО-ДПМНЕ работи на поткопување на синдикалната борба…

Левица апелира за обид на ВМРО-ДПМНЕ да…

Газдите се жалат дека работниците не се…

Македонија е една од државите во регионот…