Човек загина во пожар во Струмица – целосно изгорел неговиот стан
Еден човек загина денеска во пожар во Струмица, а телото го пронашле пожарникарите во изгорениот стан на четвртиот кат од зграда на улицата „Б.Ј. Мучето“ во градот. Нема информации за возраста на починатиот човек.
Противпожарната единица од Струмица соопшти дека околу 15 часот и 30 минути интервенирала со три возила и седуммина пожарникари-спасители, кои успешно го изгаснале пожарот.
Сите други станови во зградата биле заштитени од огнот, а останатите станари биле безбедно евакуирани.
Причините за настанување на пожарот и смртта на лицето ќе бидат утврдени од надлежните институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Човек загина во пожар во Струмица –…
Еден човек загина денеска во пожар во…
До 20.30 часот имало вкупно 24 пожари,…
На ден 13.07.2025 година, до 20:30 часот,…
Малтретираното дете од Струмичко е во сместувачко…
За снимката со врзано дете во струмичко…
(Видео) Ангелов отиде во Чучер-Сандево и порача…
Откако Инфомакс објави видеа од пожарот во…
ЦУК: Пожарот во Самоков беше веднаш изгаснат…
Регионалниот центар за управување со кризи Македонски…