Утрово во Скопје 30°C – дали денеска ќе се собори температурниот рекорд од 2007 година?
Уште во раните утрински часови, Скопје веќе мери 30 степени, а за денеска се најавуваат екстремни 43 степени Целзиусови. Пред нас е потенцијално најтоплиот ден во последните 100 години.
Според прогнозата, времето ќе биде претежно сончево и исклучително топло, со слаб до умерен, а локално и повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури се движат од 14 до 23 степени, а максималните ќе достигнат меѓу 37 и 43 степени.
Во главниот град ќе преовладува сончево време со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура се спушти до 21 степен, а максималната се очекува да достигне до 43 степени.
Според метеоролозите, на 24 јули 2007 година беше измерена највисоката температура откако се вршат мерења во земјава – 43,4 степени во Скопје. Дали денешниот ден ќе го собори овој историски рекорд, останува да видиме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утрово во Скопје 30°C – дали денеска…
Уште во раните утрински часови, Скопје веќе…
Млади математичари од Македонија донесоа злато и…
Младите математичари од Македонија, Алексиј Тасиќ и…
Каја Шукова кандидат за градоначалник на Скопје!…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска на…
Малолетничка била сексуално вознемирувана од соседот во…
МВР регистрира немил настан во скопската населба…
Jавното претпријатие „Водовод и канализација“ алармира на…
Jавното претпријатие „Водовод и канализација“ алармира дека…