Дали Владата ја прави грешката на Албанија за Законот за игри на среќа?
И покрај погубниот пример од соседството, македонската влада тргнува по истиот пат што Албанија минатата година го напушти – затворање на легалните објекти за игри на среќа и туркање на индустријата во сивата зона.
Имено, во 2019 година Албанија ги затвори сите обложувалници и казина со цел да го намали коцкањето, но резултатот беше поразителен и доведе до цветање на нелегалните објекти и зголемување на криминалот, па пет години подоцна оваа забрана беше укината со огромно мнозинство во албанскиот парламент, односно со 72 гласа „за“ и само два „против“.
Законот за игри на среќа сега повторно се актуализира и во Македонија со неговото усвојување од Владата и иако истиот не предвидува „де факто“ затворање на индустријата, ефектот ќе биде тој. Имено, и самиот вицепремиер Изет Меџити изјави дека Владата веќе затворила околу 200 нелегални онлајн-казина со цел воспоставување строг надзор и ограничување на оваа индустрија. „Да беше само ВЛЕН, ние ќе бевме за целосно затворање,“ рече Меџити.
Од друга страна, кога Владата на Еди Рама ги затвори обложувалниците и казината на целата територија на земјата во 2019 година, во февруари 2024 година ја укина оваа забрана со цел да ја вратат индустријата во легален и транспарентен регулативен систем.
Ваквата одлука следеше откако стана јасно дека забраната не ги спречила игрите на среќа, туку само ги префрлила играчите на нерегулирано интернет коцкање, што пак предизвика бум на нелегални објекти и широка врата за сивата економија. И албанските медиуми тогаш пишуваа дека стапувањето на сила на ваквиот закон предизвика повеќе штета отколку корист, односно пораст на криминалот, перење пари, загуби во буџетот и сериозен ризик по безбедноста на граѓаните.
Токму затоа, одлуката за укинување на забраната беше поздравена и од Европската Комисија, бидејќи стана јасно дека законот не го елиминираше коцкањето, туку го направи неконтролирано, без надзор, без даноци и со зголемен социјален ризик.
И покрај овие јасни пораки, македонската Влада предлага сличен закон, со што истите тие ризици кои Албанија веќе ги почувствува, сега се закануваат и овде.
И додека соседите веќе прават чекори за да ја вратат контролата, Македонија оди во спротивна насока, за што предупредуваа и асоцијациите на обложувалниците и приредувачите на игрите на среќа – АСОМ и АПИС, бидејќи затворањето на оваа легална гранка ќе биде погубно за економијата и ќе остави на улица повеќе од 10.000 македонски граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема повеќе пушење ни на тераса –…
Министерството за здравство подготвува нова стратегија за…
Путин ги отвори игрите на БРИКС: Учествуваат…
Рускиот претседател Владимир Путин ги прогласи за…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Орбан со закон ќе ги контролира странските…
Унгарската владејачка партија Фидес планира да поднесе…
Стопанската комора најави дека ќе го оспори…
Носењето на Законот за данок на солидарност…