Објавено на:

БиХ забрани увоз на замрзнати јагоди и сладолед од Египет и Турција

t

Федералната санитарна инспекција при Центарот за царинење Рајловац – Сараево донесе одлуки со кои се забранува увоз на 22 тони замрзнати јагоди со потекло од Египет и 96 кг сладолед од фстаци со потекло од Турција, поради неисполнување на условите за увоз, пишува Н1 телевизија.

Со инспекцијата било утврдено дека пратката што содржи замрзнати јагоди од класа II спакувани во вреќи од 20 кг не била доставена со увозна декларација, што е спротивно на одредбите од Законот за здравствена безбедност на прехранбените производи и предметите за општа употреба, Законот за храна и Правилникот за општа декларација или означување на спакувана храна и како таква, не може да се увезе или пласира на пазарот.

Лабораториската анализа, пак, на примерок од пратката сладолед од фстаци утврдила дека тестираните параметри на ентеробактерии и аеробни мезофилни бактерии не се во согласност со критериумите наведени во Правилникот за микробиолошки критериуми за храна.

Според Законот за здравствена безбедност на прехранбените производи и предмети за општа употреба, увозот на контролирани пратки е забранет, а наредено е нивно враќање до испраќачите или нивно уништување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БиХ забрани увоз на замрзнати јагоди и…

Федералната санитарна инспекција при Центарот за царинење…

Путин и Ердоган разговараа: Турција е подготвена…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот…

Верижен судир во Анкара, повредени 20 лица

20 лица се повредени во верижниот судир…

Израел се плаши дека Турција ќе го…

Израелски висок функционер остро реагира на можноста…

БиХ ризикува да изгуби 100 милиони евра…

Босна и Херцеговина ризикува да изгуби 100…