Бугарија има најкраток работен век во ЕУ, најдолго работат Холанѓаните!
Најдолго траење на работниот век е забележано во Холандија (43,8 години), по што следат Шведска (43), Данска (42,5), Естонија (41,4), Ирска (40,4) и Германија (40).
Очекуваното траење на работниот век за жителите на Европската Унија над 15 години во 2024 година изнесувало просечно 37,2 години, според податоците на Евростат. Сепак, разликите меѓу поединечните земји се значајни, а Бугарија се рангира меѓу земјите со најкраток работен век. Најдолго траење на работниот век е забележано во Холандија (43,8 години), по што следат Шведска (43), Данска (42,5), Естонија (41,4), Ирска (40,4) и Германија (40).
На дното од рангирањето се Романија (32,7 години), Италија (32,8), како и Хрватска, Грција и Бугарија, каде што просечното траење на работниот век е само 34,8 години. Според податоците, мажите во ЕУ работат во просек 39,2 години, а најдолг работен век имаат Холандија (45,7), Данска (44,2) и Шведска (44). Во Бугарија и Хрватска тој е само 36 години, а најкраток – во Романија (35,9). За жените, просечниот работен век во ЕУ е 35 години. Највисоки вредности се забележани во Естонија (42,2 години), Шведска (42) и Холандија (41,8), додека најниски се во Италија (28,2), Романија (29,2) и Грција (31,1).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Дизелот во ЕУ достигна нов рекорд: 2,24…
Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи…