Објавено на:

Mожен е воен конфликт со Русија и Кина во 2027 година, тврди командант на НАТО

t

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа, генерал Алексис Гринкевич, изјави дека СAД и Европската унија имаат 1,5 година да се подготват за потенцијален глобален вооружен конфликт со Кина и Русија.

Тој додаде дека верува оти Пекинг и Москва би можеле да нападнат истовремено и на координиран начин, објави „Билд“.

„Она што кинескиот лидер Си Џинпинг веројатно ќе го направи пред да одлучи да преземе воена акција против Тајван е да му се јави на својот пријател (рускиот претседател Владимир) Путин и да го замоли за помош.

Тоа за мене значи дека обете работи би можеле да се случат истовремено“, рече Гринкевич за време на конференцијата за одбрана во Висбаден, Германија, каде што се наоѓа Командата за безбедносна помош и обука на НАТО за вооружените сили на Украина. Тој додаде дека 2027 година би можела да биде „потенцијално кризна година“.

„Ќе ни треба секое оружје, опрема и муниција што можеме да ги добиеме за да бидеме подготвени“, нагласи командантот на НАТО. Според германскиот весник, во владините кругови во Берлин расте и стравот дека Русија наскоро би можела да нападне една од помалите земји-членки на НАТО, бидејќи не се очекува земјите од Алијансата да постигнат сериозни одбранбени капацитети до 2029 година.

Според „Билд“, некои министри во владата на Фридрих Мерц очекуваат руска воена провокација да се случи во 2027 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Кина прекина со извоз на горива поради…

Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…