Левица: Срамен, деградирачки и нецивилизациски третман на Власта кон жените земјоделки

t

АФЖ – Левица најостро реагира на срамниот, деградирачки и нецивилизациски третман на Власта кон жените земјоделки во Република Македонија, кои и понатаму се исклучени од законското право на породилно отсуство и боледување, реагиразат од партијата.

Нивното соопштение е во продолжение:

Потсетуваме дека во април 2023 година, пратениците од Левица имаа поднесено Предлог-закон за измена и дополнување на

Законот за здравственото осигурување со кое се предложија соодветни измени за да им се овозможи платено породилно отсуство на жените земјоделки. Од тогашната влада на СДСМ и ДУИ предлогот на Левица доби негативно мислење, а Законот ја помина само првата собраниска фаза по што беше и остана БЛОКИРАН на комисијата со која раководеше ДУИ.

Жената – земјоделка е сведена на молителка, принудена е да аплицира за надоместок за породилно отсуство преку иста програма преку која се аплицира за субвенции за трактор и за крава.

Во 2023 година, од 4 поднесени барања за породилно отсуство, само едно било одобрено, со исплата од 100.000 денари за сите 9 месеци бременост. Во 2024 – уште полошо: само едно одобрено од 6 барања, со мизерни 81.000 денари. Нејасно е како државата може да „штеди“ токму на ова – на еден од најосновните облици на социјална поддршка, што во секое цивилизирано општество претставува гарантирано право. Наместо да обезбеди достоинствени услови за трудниците и мајките, институциите испраќаат понижувачка порака: дека нивниот труд, здравје и живот не се приоритет.

Го поздравуваме чекорот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и на Хелсиншкиот комитет, кои поведоа тужба против Владата и Министерството за здравство, поради очигледна системска дискриминација врз жените земјоделки. Правото на мајчинство не смее да биде луксуз, ниту програма, туку законски загарантирано право!

АФЖ – Левица остро ги осудува молкот и неактивноста на Министерството за здравство, кое упорно одбива да предложи измени на Законот за здравствено осигурување и покрај јасните препораки од релевантните институции.

Бараме Владата на својата приоритетна листа веднаш да стави реално потребни мерки и тоа:

Итна измена на Законот за здравствено осигурување со која жените – земјоделки ќе добијат еднаков пристап до породилно и боледување.

Признавање на жената – земјоделка како рамноправна работничка и граѓанин на оваа држава, а не статистичка категорија за поткуп пред избори.

Јавна одговорност од институциите кои со години толерираат дискриминација врз основа на пол, личен статус и припадност на маргинализирана група.

Земјата што сака мајки, не смее да ги третира како апликантки за трактори и крави!

Жената од село или жената – земјоделка не е „помалку жена“, „помалку мајка“ или „помалку граѓанин“, туку таа стои на фронтот на егзистенцијата и грижата за земјата, таа е стожер на семејството и производител на храна!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Срамен, деградирачки и нецивилизациски третман на…

АФЖ - Левица најостро реагира на срамниот,…

Левица Бутел: Костовски без срам повторно го…

Локалниот огранок на Левица – Бутел реагира…

Апасиев: Левица ќе има партиски кандидат за…

Левица ќе има партиски кандидат за градоначалник…

На власта ѝ се поважни партиските шеми…

На власта ѝ се поважни партиските шеми…

Левица: Културата е официјално деградирана

Културата е официјално деградирана, реагираат од политичката…