Фантом фирма од Битола добива милионски тендери – ЕСМ со Узунчев и Коњановски стана рекордер загубар, обвини Левица
Левица обвинува дека катастрофалното управување со АД ЕСМ од страна на менаџерскиот тим довело до тоа претпријатието, кое како што велат, некогаш работеше со добивка, минатата година да ја заврши со рекордна загуба од 120 милиони евра.
Наместо консолидација на ЕСМ, како што најавуваше власта, сведочиме како продолжуваат контроверзните тендери и партиските вработувања во ова јавно претпријатие, додека долгот од месец во месец се зголемува, соопштија од партијата.
„Изминатиот период, РЕК Битола склучи скандалозен тендер за чистење со фирма која нема ниту еден вработен и која е формирана само 4 месеци пред склучување на договорот за јавни набавки. Иако, согласно огласот објавен од АД ЕСМ, потребно било компанијата да има минимум 310 вработени и соодветната техничка опременост, тендерот вреден над 2 милиони евра го добива компанијата „ТЕХНО КОП ПЛУС ДООЕЛ” од Битола без ниту еден вработен.
Јасно е дека се работи за сериозен коруптивен скандал со наменски формирана фирма, додека информациите кои пристигнуваат до Левица се дека за оваа компанија да го добие тендерот пресудно било влијанието на Зоран Коњановски, како директор за производство во АД ЕСМ и брат на градоначалникот на Битола.
Дополнително, ја потсетуваме јавноста дека под капата на Узунчев и Коњановски, охридската компанија „Топлина” доби рекорден тендер за ископ на јаглен во износ од 24 милиони евра за една година. Се работи за компанија која во време на владеењето на СДС беше подизведувач во тендерите со компанијата „Маркоски”“ се наведува во соопштението од Левица.
Оттаму додаваат дека иако ВМРО-ДПМНЕ во опозиција обвинувале дека тендерите со „Маркоски” предизвикале милионски грабеж во РЕК Битола, сега подизведувачите добиваат рекордни тендери од новото раководство на ЕСМ.
„Иако новата власт дојде со ветувања дека ќе се расчисти епскиот криминал, кој се случувал во АД ЕСМ за време на СДС и ДУИ, ниту една кривична пријава не е поднесена, туку напротив – фирми блиски до новото раководство продолжуваат да добиваат милионски тендери, а АД ЕСМ останува да биде најголем државен загубар“ порачаа од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фантом фирма од Битола добива милионски тендери…
Левица обвинува дека катастрофалното управување со АД…
Левица: Срамен, деградирачки и нецивилизациски третман на…
АФЖ - Левица најостро реагира на срамниот,…
Левица Бутел: Костовски без срам повторно го…
Локалниот огранок на Левица – Бутел реагира…
Апасиев: Левица ќе има партиски кандидат за…
Левица ќе има партиски кандидат за градоначалник…
На власта ѝ се поважни партиските шеми…
На власта ѝ се поважни партиските шеми…