Објавено на:

Маж се удави во Охридското Езеро

t

Маж од селото Волино, општина Дебарца вчера се удавил во водите на Охридското Езеро во близина на Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, во 16 часот и 30 минути, во ОВР Струга било пријавено дека, во водите на Охридското Езеро на струшкото крајбрежје, било забележано безживотно машко тело.

– По преземени мерки и извршен увид, констатирано е дека се работи за K.И.(49) од селото Волино, општина Дебрца кај кого, екипа од Итната медицинска помош, констатирала смрт без траги на насилство, изјави портпаролот Стефан Димоски.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж се удави во Охридското Езеро

Маж од селото Волино, општина Дебарца вчера…

Охрид доби уште една шанса за УНЕСКО

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков…

СДСМ: Предупредување од УНЕСКО, Мицкоски и Пецаков…

Реакција на СДСМ по повод заканата за…

Цените во Охрид „подивеа“: Еспресо 150, помфрит…

Нова сезона во Охрид, нови жалби од…

Земјотрес почувствуван во Охрид и околината

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4.степени е…