Година и пол Општината не прави автобуска постојка – Работниците во Свети Николе чекаат превоз на речиси 50 СТЕПЕНИ!

t

*Објава на Фејсбук на Александар Симонов:

Денес, термометарот во Свети Николе покажа 48°С, најголемиот дел од работниците патуваат во соседните градови секојдневно на работа. Оние кои оваа седмица се втора смена на работа, превозот за работа го чекаат на температурата од речиси 50°С. Сенка, скоро и да нема. За утре е најавено уште потопол ден.

При креирањето на општинскиот буџет во декември поднесов амандман за измени во програмата за ,,Уредување на градежно земјиште” за изградба на автобуски постојки од страна на општината.

Помина повеќе од пола година, иако амандманот беше прифатен, и имаше определено средства за негова реализација, за жал од автобуските постојки нема ниту трага ниту глас. Таква е отприлика грижата на општинските власти за работниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ