Хрват возел со 4,19 промили алкохол во крвта!
Во саботата попладне за време на сообраќајна контрола, полициските службеници од Полициската станица Задар забележале, а потоа со светлосни и звучни команди запреле автомобил со регистарски таблички од Нашик, чиј возач се движел во правец на Земуник Горњи (во Хрватска) и неконтролирано ја преминувал централната линија на коловозот, делумно преминувајќи во лентата наменета за движење на возила од спротивната насока.
– При контролата, возачот експресно го одбил понудениот тест за присуство на алкохол во телото. По преглед во болницата и вештачење на крв, поради понатамошна анализа и вештачење, утврдена е концентрација на алкохол во неговото тело на 4,19 g/kg. Исто така, возачот немал возачка дозвола и сообраќајна дозвола за возилото. Возачот бил отстранет од сообраќај и уапсен. Му била укажана лекарска помош во болницата во Задар. По прекршочна обработка, тој бил приведен во Одделот за прекршоци на Општинскиот суд во Задар – велат од полицијата.
Во обвинителниот акт, полицијата побарала притвор за возачот поради повторени прекршоци, затворска казна од 60 дена и изрекување заштитна мерка забрана за управување со моторно возило од Б категорија во траење од 3 месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени шест возачи поради безобѕирно управување –…
Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници…
„Алколок“ системот станува задолжителен во ЕУ: На…
Од 7 јули, Европската Унија воведува ригорозно…
Обвинителството бара притвор за 31 годишникот кој…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Возач од скопско возел под дејство на…
На 04.02.2026 во 20:20 часот на автопатот…