Романија ќе купи израелски системи за воздушна одбрана во вредност од над две милијарди евра
Романија потпиша рамковен договор за купување израелски системи за противвоздушна одбрана „Шорад-всорад“ за повеќе од две милијарди евра, објави денес романското Министерство за одбрана. Рамковниот договор со израелската компанија „Рафаел адванс дефенс системс“, која е производител на израелскиот одбранбен систем „Железна купола“, со поддршка на САД, предвидува потпишување на уште три договори, преку кои Романија ќе добие шест интегрирани системи за противвоздушна одбрана, објави Ројтерс. Договорите ќе вклучуваат и обука на војници, муниција и логистичка поддршка.
Како што е објавено, рамковниот договор ќе важи седум години, а првите два системи „Шорад“ треба да бидат испорачани во рок од три години од потпишувањето на првиот од уште три договори, објави Министерството.
Под притисок на американскиот претседател Доналд Трамп, Романија и другите европски земји сакаат да ги зголемат своите трошоци за одбрана против целосна руска инвазија на соседна Украина во 2022 година, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Романија ќе купи израелски системи за воздушна…
Романија потпиша рамковен договор за купување израелски…
Жена загина во бура во Романија
Жена загина во бура во Романија. Трагичниот…
САД, Италија, Романија и Бугарија одржуваат голема…
Единици на САД, Италија, Бугарија и Романија…
Политико: Бугарија и Романија се клучните земји…
Европската комисија презентираше нова стратегија за Црното…
Инцидент во Романија: Полицијата го отстрани претседателскиот…
Романскиот претседателски кандидат и лидер на националистичката…