Трагедија: Македонски државјанин се удави во близина на Драч
Доцна попладнево на плажата кај Каваја, во близина на Драч се удави македонски државјанин.
-Немилиот настан се случи во 19 часот кога 66-годишен жител на Македонија со иницијали Ш.А. се удави во морските води. Според првичниот наод, странскиот турист доживеал срцев удар веднаш по влегување во вода, се наведува во полициското соопштение.
Откако го забележале давеникот, кон него веднаш се упатиле и други лица од плажата, интервенирала и итна помош, но доктор само констатирал смрт.
Екипа на полицијата и јавен обвинител вршат увид, по што се очекува телото да биде дадено на обдукција. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија: Македонски државјанин се удави во близина…
Доцна попладнево на плажата кај Каваја, во…
Драма во Грција: Србин спасил Македонец од…
Вистинската драма се одвивала во Грција кога…
Косовски државјанин приведен во Македонија: Превезувал стока…
Полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни…
Македонски државјанин уапсен во Драч
Полицајците на плажата во Драч го уапсија…
Арсовска се сретна со градоначалничката на Драч,…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска оствари…