Вознемирувачко! Во Газа за три дена 21 дете почина од глад
Шефот на една од најголемите болници во Појасот Газа денес изјави дека 21 дете починало од неухранетост и глад во изминатите 72 часа.
„Дваесет и едно дете починаа од неухранетост и глад во различни области на Појасот Газа. Овие смртни случаи се регистрирани во болниците во Појасот Газа: болницата Ал-Шифа во градот Газа, болницата „Маченици Ал-Акса“ во Деир ал-Балах и болницата „Насер“ во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, во текот на изминатите 72 часа“, изјави на брифинг за новинарите Мохамед Абу Салмија, директор на болницата Ал-Шифа во градот Газа, која беше најголемата болница на палестинската територија пред војната.
Министерството за здравство на Газа објави дека вкупно 33 лица починале од неухранетост во последните 48 часа, од кои повеќето деца.
СЗО ги осуди израелските напади врз болниците низ Газа и главниот магацин на здравствената агенција на ОН.
Присилното гладување се смета за чин на геноцид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вознемирувачко! Во Газа за три дена 21…
Шефот на една од најголемите болници во…
Папата побара прекин на огнот во Газа…
Папата Лав Четиринаесетти денеска телефонски разговараше со…
Трамп ќе се сретне со премиерот на…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…
Десетици илјади луѓе се собраа во Тел…
Десетици илјади антивоени демонстранти се собраа синоќа…
Трамп ги повика Израел и Хамас да…
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Израел…