Ангелов за третиот „ер-трактор“: Фирмата која го работи сервисот има многу работа и не може да постигне

t

Во справувањето на пожарите од воздух на располагање се ставени двата „ер трактора“ на Дирекцијата за заштита и спасување и два полициски и два армиски хеликоптери. Третиот „ер трактор“ кој е на сервис, се очекува да биде вратен во земјава на почетокот на август.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска информираше дека кај овој „ер-трактор“ дополнително се откриени дефекти.

-Во моментов имаме два „ер трактора“, третиот треба да биде вратен од сервис на почетокот на август. Фирмата која го работи сервисот, најверојатно се соочува со голем обем на работа и не може да постигне. Тој е благовремено однесен и веќе подолго време е таму, но дополнително кај него се откриени дефекти кои биле непредвидени поради што сервисот се развлекува подолго време, рече Ангелов на денешната прес-конференција.

Во случај на влошување на состојбата со пожарите, Ангелов посочи дека може да се побара и меѓународна помош, но дека во моментот тоа не е најсоодветната опција бидејќи и другите држави се справуваат со пожари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АНГЕЛОВ СО СОВЕТ:ЗЕМЕТЕ ТРАКТОРИ И ИЗОРАЈТЕ ОКОЛУ…

Денеска до 13:30 часот регистрирани се 16…

Ангелов: Најголем број од пожарите се предизвикани…

Вкупно 2.082 пожари евидентира Центарот за управување…

Општина Маврово и Ростуше бара прогласување кризна…

Во националниот парк Маврово, но и на…

Стоилов објави крај на репрезентативната кариера: Ми…

Македонскиот ракометен репрезентативец Стојанче Стоилов вчера по…