Објавено на:

Само 16 пратеници гласале за хуманитарна помош за Газа

t

Само 16 пратеници гласале за хуманитарна помош за Газа, информира пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.

– Во моментов во Собрание само 16 пратеници гласаа ЗА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ НА ГАЗА (од кои 6 пратеници на Левица) – односно Израел да дозволи влез на хуманитарната помош.

Додека палестински деца умираат од ГЛАД (од глад!), македонското собрание не само што не го осуди ционизмот на Израел (за разлика од многу европски држави) – туку не се уважува барем срамежливо да побара хуманитарна помош пред најголемиот геноцид на нашето време!

Од народ кој во Втора светска војна издвојува победа против фашистичкото зло и се позиционира на правилната страна на историјата, денес со партии со неоколонијален и вазален менталитет МОЛЧИМЕ, додека деца умираат од глад.

Се срамам од генерација која е апатична, индиферентна и колаборационистичка пред најголемото злосторство на нашето време. – напиша Мојсоска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одбор за мир: Нема повлекување на Израел…

Одборот за мир – иницијативата предводена од…

Трамп: Постигнат е договор за разоружување на…

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека…

Израел гради огромен песочен ѕид за да…

Без никаква јавна најава, Израелските одбранбени сили…

Палестински доктор од Газа тврди дека бил…

Случајот со палестинскиот лекар д-р Хусам Абу…

Првичните проценки покажуваат дека новиот воен командант…

Првичните проценки покажуваат дека новоназначениот воен командант…