Објавено на:

Министерство за правда на Косово: Околу 33 милиони евра потрошени за одбрана на поранешни лидери на ОВК во Хаг

t

Косовското Министерство за правда објави дека од почетокот на процесот против поранешните водачи на ОВК во Хаг, потрошени се 32,9 милиони евра за нивна правна заштита. Според Министерството за правда, од овој износ, 5,35 милиони евра се потрошени за одбрана на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи.

Плаќањата, додаде, се извршени на редовен и транспарентен начин и ќе продолжат во согласност со релевантните законски одредби и важечките договори.

„Министерството за правда останува посветено на гарантирање на фер и избалансиран процес преку континуирана правна поддршка, во согласност со принципите на правдата и човековите права“, се вели во соопштението. Реакцијата на Министерството доаѓа по објавата на пратеникот на ПДК, Артан Бехрами, кој синоќа изјави дека Фондацијата „Поддршка на правната одбрана на Хашим Тачи“ поднела барање до Министерството за правда за финансирање на одбраната на Тачи, но дека Албуљена Хаџиу го отфрлила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…