Објавено на:

Стејт департментот одобри продажба на оружје на Украина во вредност од 322 милиони долари

t

Американскиот Стејт департмент објави дека одобрил предлог за продажба на оружје на Украина во вредност од 322 милиони долари за подобрување на нејзините капацитети за воздушна одбрана и обезбедување на Киев со оклопни борбени возила.

Потенцијалната продажба, за која Стејт департментот го информираше Конгресот, вклучува 150 милиони долари за снабдување, одржување, поправка и општ ремонт на американски оклопни возила, како и 172 милиони долари за ракетни системи земја-воздух, објави АП.

Одобрувањето дојде неколку недели откако американскиот министер за одбрана Пит Хегсет нареди привремено замрзнување на испораките на оружје за Украина, за да може Пентагон да ги процени нејзините залихи на оружје.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, потоа го промени својот став, јавно ветувајќи дека ќе продолжи да испраќа оружје во Украина, според агенцијата.

Трамп неодамна презентираше план европските сојузници да купат американска воена опрема, која потоа ќе ја испратат во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стејт департментот одобри продажба на оружје на…

Американскиот Стејт департмент објави дека одобрил предлог…

Заврши третата рунда преговори меѓу Русија и…

Третата рунда разговори меѓу делегациите на Русија…

Политико: Трамп му даде одврзани раце на…

Четиринаесетгодишната Софија Глињана седела на клупа на…

Зеленски: Украина на состаноците во Турција ќе…

Украинската делегација за време на разговорите во…

Сијарто: Унгарија нема да го поддржи пристапувањето…

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто,…