ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

t

„Демократска обнова на Македонија (ДОМ) изразува револт и длабоко разочарување од одлуката на Собранието на Македонија да не ја изгласа предлог-резолуцијата за овозможување непречен влез на храна и медицински средства за цивилите во Појасот Газа. Ова молчење на македонските пратеници е потполно недостојно за земја која ја носи традицијата на хуманизам и солидарност од нашите предци“ соопштија попладнево од партијата.

Од ДОМ велат „во македонскиот парламент само 16 пратеници ја поддржаа хуманитарната иницијатива, додека сите останати пратеници од владејачкото мнозинство и дел од опозицијата гласаа воздржано или против. Ова не е време да анализираме дали резолуцијата е предложена од опозицијата или од владејачките партии – време е да делуваме со мерки што ќе им помогнат на луѓето во нужда во Појасот Газа“.

„ДОМ ја повикува Владата итно да ги активира сите достапни механизми, вклучително и редуцирање на дипломатските односи за да се зголеми меѓународниот притисок врз Израел и да се обезбеди хуманитарна помош за жртвите во Газа. Секоја минута молк значи уште изгубени животи на деца, родители, цели семејства кои умираат од глад и болест. Зелената партија ДОМ ја нагласува неопходноста од целосна вклученост на сите политички актери во овој процес. Секоја партија и секој пратеник што ќе продолжи да одбива поддршка за хуманитарна резолуција се става на страната на оние што го кршат меѓународното право и човечките права“ е партискиот став“.

Во партиското соопштение ДОМ подвлекува дека „нема да престане да реагира и ќе ги интензивира контактите со меѓународните организации и партнерските зелени партии за да го подигне гласот на македонската демократија и човечност. Ова е прашање што ја надминува партиската политика – станува збор за живот и смрт и секоја седница на Собранието и Владата, секој политички пресек е морален тест за нашето општество!“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…

Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…

22.233 ученици се регистрирани за новата учебна…

Директоратот „Текума“, задолжен за обновата на заедниците…

Нова пратка со 900 тони хуманитарна помош…

Уште една, нова пратка со 900 тони…